Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездите од светскиот фудбал заработуваат многу пари на годишно ниво, но и покрај тоа секогаш знаат да направат некоја глупост, а дел од нив решија да спијат со малолетни девојки поради кои можеа да си ја уништат кариерата.
Евертон на своите профили на социјалните мрежи објави дека нивни фудбалер е уапсен поради тоа што полицијата се сомнева дека спиел со малолетна девојка, но тој не е единствен.
Пред 12 години во голем скандал се најдоа Франк Рибери и Карим Бензема. Во Алжир користеле услуги на малолетна девојка, а подоцна било откриено дека таа лажела за своите години и се плашела дека ако одбие нема да заработи 700 евра.
„Лажев затоа што се плашев дека, ако дознаат, ќе останам без пари“, вели девојката.
Адам Џонсон беше осуден на шест години затворска казна поради тоа што имал односи со малолетни девојки. Тоа е можеби најпознатиот случај во англиската Премиерлига.
Поранешниот фудбалер на Сандерленд и англиски репрезентативец во 2015 година бил уапсен бидејќи имал односи со 15-годишна девојка.
Џонсон во Сандерленд заработуваше околу 60.000 фунти неделно, но англискиот тим поради таа афера му го раскина договорот.
Ова не се единствени случаи затоа што и Тајрел Робинсон од младинскиот тим на Арсенал влегол во ист скандал. Тој бил осуден на тригодишна затворска казна поради интимни односи со малолетна девојка на само 14 години.
Поранешниот фудбалер на Арсенал и Брадфорд донел во својот стан три девојчиња кои пиеле алкохол, а потоа спиел со една од нив.