Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот клуб Милан објави преку социјалните мрежи дека Иван Газидис го чека тешка битка за животот откако му беше откриен рак на грлото, но се верува дека најверојатно ќе ја добие борбата.
Газидис објави соопштение и откри во каква здравствена состојба се наоѓа во моментов.
„Имам облик на рак кој се лекува, но имам и помош од клубот и медицината, па убеден сум дека по сите совети ќе го излечиме ракот. Мојата дијагноза покажа дека треба да се оди редовно на медицински прегледи, дури и кога немате симптоми“, кажа Газидис.
Газидис кажа дека ќе продолжи да ја извршува неговата функција на „Сан Сиро“, а поддршка пристигна и од навивачите, но и сите фудбалски фанови и вработени ширум светот.
Газидис за нов директор на Милан беше поставен во декември 2018 година. Тој секогаш беше важен за успешен Милан во последната сезона и враќање во Лигата на шампиони.