Сидорф испрати порака до директорот на Милан кој се бори со рак


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Легендата на Милан, Кларенс Сидорф преку неговиот профил на Инстаграм испрати порака до директорот на „росонерите“, Иван Газидис на кој му беше откриен рак на грлото.

Милан соопшти во вторникот дека нивниот директор има рак и ќе почне лекување, а постои голема можност да ја победи болеста.

Поранешниот фудбалер на Милан испрати порака до Газидис преку неговиот профил на социјалните мрежи.

„Со цело мое срце му посакувам на Иван Газидис побрзо да оздрави. Ти си борец и ќе се вратиш посилен“, напиша Сидорф.