Барселона потврди: Меси нема да го носи каталонскиот дрес!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Барселона преку нивниот официјален веб-сајт потврди дека Лионел Меси нема да остане дел од каталонскиот тим затоа што не можеле да ги исполнат барањата на шпанска Ла Лига.

Каталонскиот тим се договорил со Меси за нова соработка, но не можеше да се потврди договорот бидејќи не ги исполнуваат финансиските прописи.

„И покрај договорот меѓу Барселона и Меси и јасната намера да потпишеме нов договор, тоа не може да се случи поради финансиските пречки од шпанската Ла Лига“, соопштија од клубот.

Аргентинецот за првиот тим на Барселона заигра во далечната 2004 година, а со тимот ги освои сите можни трофеи и стана еден од најдобрите фудбалери во историјата.