Тепачка меѓу ѕвездите на Феенорд и Атлетико Мадрид, втрча и Симеоне! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пријателските натпревари често знаат да донесат многу нервоза, црвени картони, па и дуели меѓу фудбалерите, а така беше и во мечот меѓу Бетис и Рома, како и меѓу Феенорд и Атлетико Мадрид.

Холандскиот тим водеше со 1-0 против Атлетико, а потоа се случија грди сцени на теренот, кога Караско направи прекршок врз противнички играч, а потоа Оркун Кокчу го нападна фудбалерот на шпанската екипа.

Се создаде вистински хаос на теренот, а потоа втрча и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и успеа да ги смири играчите.

Публиката исто така протестираше од трибините, а Караско едноставно не можеше да се смири од гнев.