Дончиќ потпиша историски договор со Далас!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Младиот словенечки кошаркар, 22-годишниот Лука Дончиќ стана првиот кошаркар кој може да добие „супермакс“ договор затоа што веќе двапати беше во идеалната петорка во НБА-лигата.

дончиќ за само три сезони стана еден од најдобрите кошаркари  во НБА-лигата со просек од 25,7 поени, 8,4 скокови и 7,7 асистенции по натпревар.

„Денеска се оствари мојот сон. Кошаркарската игра ми даде многу и ме однесе до неверојатни места. Благодарен сум и возбуден затоа што ќе останам во Далас“, вели Дончиќ.

Најмладиот МВП во историјата на Евролигата претходно го предводеше Реал Мадрид до титулата во Европа во 2018 година.