Депај постигна гол, но не е задоволен: Не можам да уживам…


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона извлече бод на вчерашниот натпревар со Атлетик Билбао, и тоа благодарение на репрезентативецот на Холандија, Мемфис Депај.

Холанѓанецот го постигна својот прв гол, кој беше доволен за израмнување, но и покрај тоа не беше задоволен.

„Секогаш е одлично да постигнеш гол, но разочаран сум со резултатот. Не можам да уживам во својот прв гол како што треба затоа што не ги освоивме сите три бодови. Беше тежок натпревар, но очигледно ми значи тоа што дадов гол за екипата. Се надевам дека ќе има уште многу“, вели Депај.

Барселона следниот меч го игра против Хетафе на 29 август на свој терен.