Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемиот трансфер ова лето сигурно ќе биде преселбата на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ. Аргентинецот по 17 сезони ја напушти Каталонија поради лошата финансиска состојба.
Аргентинецот поради тоа мораше да го напушти тимот и реши кариерата да ја продолжи во ПСЖ. Меси стави потпис на договор на две сезони, но уште нема дебитирано за екипата.
Главна причина е тоа што Меси имаше подолг одмор поради настапот на Копа Америка, па воопшто не пристигна на подготовки.
Маурицио Покетино откри за француските медиуми кога планира да го пушти Меси во составот, а тоа најверојатно ќе се случи на гостувањето против Ремс.
„Минатата недела беше многу добра за Меси и максимално тренираше. Се надеваме дека ќе продолжи така и оваа недела“, вели Покетино.