Човекот кој ќе го осакатеше Меси даде краток коментар за инцидентот 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативецот на Венецуела, Адриан Мартинез имаше брутален старт врз Лионел Меси во мечот против Аргентина.

Мартинез не беше внимателен и можеше да го осакати Аргентинецот, кој за среќа избегна потешка повреда.

Дефанзивецот доби директен црвен картон, а потоа доби жестоки критики поради тоа што го направи.

Мартинез им се извини на неговите соиграчи и кажа дека немал намера да повреди еден од најдобрите фудбалери во светот.

„Немам зборови за тоа што се случи. Тие што ме познаваат добро знаат дека никогаш не би направил такво нешто. Им се извинувам на моите колеги“, кажа Мартинез.