Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кариерата на многу фудбалери преку ноќ им доживува пресврт, па така од доминантни играчи тие исчезнуваат од сцената и нивната иднина е неизвесна.
Кога се играше Светското првенство во Бразил, еден човек беше неверојатен, а тоа беше Хамес Родригез во дресот на Колумбија, кој го постигна најубавиот гол на турнирот.
Одличните настапи му донесоа трансфер во Реал Мадрид, а играше и во Баерн Минхен, но во 2020 година бесплатно се пресели во Евертон.
Стартот беше неверојатен и ги воодушеви сите со своите потези, голови и асистенции, но на есен тој исчезна.
На крајот на сезоната беше отпишан од Карло Анчелоти, а ниту Рафа Бенитез нема да му даде шанса.
Родригез во моментов е на одмор на јахта, а таму може да го забележат луѓе со цигара во уста, згодни жени, пријатели, наместо да се посвети на подготовките.