Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ги изненади сите со одлуката во завршницата на преодниот рок да го напушти Јувентус.
Роналдо во Јувентус стигна во 2018 година од Реал Мадрид и имаше договор на уште една година, па се очекуваше да остане во редовите на „Старата дама“.
Роналдо во прв момент се поврзуваше со Манчестер сити, но по жестоките реакции на навивачите на Манчестер јунајтед, тој се предомисли и по 12 години се врати на „Олд Трафорд“.
За заминувањето на Роналдо заборуваше и директорот на Јувентус, Федерико Черубини, кој призна дека сите биле шокирани со одлуката на Португалецот.
„Изненадени бевме од неговата одлука затоа што не очекувавме такво нешто откако почна сезоната. Бараше состанок и ни кажа дека сака веднаш да замине од клубот“, вели Черубини.