Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку месеци целиот фудбалски свет беше во шок кога 12 екипи решија да создадат Суперлига, но со брза реакција УЕФА го спречи натпреварувањето да почне.
Голем дел од тимовите се вратија под водство на УЕФА, додека Барселона, Јувентус и Реал Мадрид не се откажуваат од идејата.
Меѓутоа, сега се вклучи и контроверзниот газда на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, кој работи на проект од 10 милијарди евра.
„Лига на шампиони и Европа лига не им носат доволно приходи на клубовите. За да се биде конкурентен е потребно да имате квалитетни фудбалери. Тоа значи дека мораш да трошиш многу и на награди. Затоа клубовите треба да разговараат меѓу себе за да создадат профитабилен турнир“, вели Лаурентис.
Контроверзниот бизнисмен вели дека треба да се намали бројот на натпревари во Европа и треба да се создаде ново европско натпреварување со демократски систем на влез кој е базиран на пласманот на тимовите во националниот шампионат.