Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ потешко од очекуваното славеше против Лион во претходното коло и така ја продолжи победничката серија во француската Лига 1.
Меѓутоа, резултатот падна во сенка поради замената на Лионел Меси, кој му се налути на тренерот и сонародник Маурицио Покетино.
Меси беше лут додека излегуваше од теренот и одби да се поздрави со Покетино, иако потоа медиумите објавија дека Аргентинецот почуствувал болка во коленото и поради тоа излегол од игра.
Меѓутоа, многумина се сомневаат во таа приказна поради реакцијата на Меси и јасно е дека аргентинскиот фудбалер не сакаше да ја напушти играта.
ПСЖ следниот меч го игра утре против Мец во рамки на Лига 1, а француските медиуми пишуваат дека Покетино повторно ќе му зададе удар на Меси.
Покетино, наводно, донел одлука Меси да не биде стартер на натпреварот и да остане на клупа за да му покаже кој е „газда“.