Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот шампион Вардар одигра одличен натпревар против Алборг на домашен терен и славеше со 30-28, а еден од најдобрите на теренот беше голманот Борко Ристовски со 16 интервенции.
Ристовски бранеше фантастично на голот и одбрани дури 16 удари кон неговиот гол. Тој одбрани и три пенали и целосно ги излуде Данците.
Одлични во екипата на Вардар беа и браќата Кевин и Оливие Њокас, но и Жереми Тото кој беше фантастичен пред голот на Алборг.
Ова е втора победа во групната фаза за Вардар, кој сега има пет бодови по три одиграни натпревари.