Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот турски фудбалер Емре Демир потпиша договор со Барселона. Талентираниот 17-годишен играч ќе се приклучи на клубот во јули следната година и ќе игра за Б-тимот.
Дотогаш Демир ќе игра за Кајсериспор, а интересно е тоа што младиот фудбалер не знаел дека ќе потпише договор со Барселона.
„Не знаев каде ќе играм додека не го видов договорот. Мојот агент не ми зборуваше ништо. Ме повика и ми кажа да одиме во Истанбул за да потпишам со голем клуб. Затоа што не бев полнолетен, не можев да потпишам договор и поради тоа со нас дојдоа моите родители. Потоа го видов името на Барселона на договорот. Родителите не можеа да ги задржат солзите“, вели Демир.