Трагедија: Почина поранешна македонска репрезентативка!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Утринава голема трагедија ја погоди македонската јавност, откако беше објавено дека поранешната ракометна репрезентативка Јулија Николиќ починала на 38-годишна возраст.

Николиќ на 20 години се пресели во Македонија и го облече дресот на Кометал Ѓорче Петров, каде што играше од 2003 до 2009 година, по што доби македонско државјанство и настапуваше за македонскиот национален тим.

Николиќ во текот на кариерата играше и за Беледијаеспор, Брест, Звезда Звенигород, додека кариерата ја заврши во Вардар, каде што играше од 2013 до 2015 година.