Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската јавност беше шокирана денеска откако се појави веста за смртта на Јулија Николиќ, а нејзините блиски решија в четврток да биде последниот поздрав со поранешната македонска репрезентативка.
Последниот поздрав со Николиќ ќе биде в четврток, кога ќе се одржи погребот на градските гробишта во Бутел во 11 часот, додека од 10 часот е предвидена комеморацијата во капелата.
Николиќ изненадувачки починала вчера околу 22 часот и немала претходни здравствени проблеми на само 38 години. Во кариерата дресот на македонската репрезентација го носеше на скоро 190 натпревари.