Салах ќе потпише нов договор и ќе стане најплатен во историјата на Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мохамед Салах игра во неверојатна форма, но во последните месеци главното прашање е дали ќе остане во Ливерпул, кој се труди да му ја продолжи соработката.

Газдите на Ливерпул не сакаа да му ја зголемат платата на Салах, но очигледно немаат друг избор и наскоро би можеле да потпишат нова соработка со која Египќанецот ќе стане најплатен во историјата на тимот.

Салах има договор до 2023 година, а според новиот ќе заработува околу 400.000 фунти неделно, како што бараше неговиот менаџер Реми Абас.

Салах ќе потпише историски договор, а сезонава одигра 11 натпревари во сите натпреварувања и притоа постигна 12 голови и четири асистенции.