Француски милијардер преку згодната сопруга Салма Хајек сакал да земе големо засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Франсоа Пино, милијардерот кој е газда на Рен, се обидел по секоја цена да го ангажира мексиканскиот репрезентативец и фудбалер на Ајакс, Едсон Алварез.

Тоа што е интересно е дека Алварез добил повик од Салма Хајек, позната актерка и сопруга на претседателот на Рен.

„Да, вистина е. Ми се јави Салма за да ме убеди да потпишам за Рен. Тоа ме изненади и ми одговараше, но мојот избор за Ајакс беше сигурен и јас ѝ го објаснив тоа. На крајот немаше никакви дилеми за мојата иднина“, вели Алварез.

Актерката од 2009 година е во брак со францускиот милијардер и има ќерка, а Пино беше генерален директор на луксузната модна група „Керинг“, дом на брендови како што се „Гучи“ и други.