На Австралијан опен ќе играат и невакцинираните?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На Австралијан опен најверојатно ќе може да настапат и невакцинираните тенисери, иако властите во државата Викторија тврдеа дека такво нешто нема да биде можно. Секако, сите ќе мора да бидат во 14-дневен карантин по доаѓањето во земјата.

На адреса на ВТА пристигнало писмо во кое се објаснуваат правилата за учество на вакцинираните и невакцинираните тенисери и тенисерки.

За тие кои примиле две дози на вакцината, нема да треба 14-дневен карантин, туку ќе мора да направат тестови на 72 часа пред влез во Австралија.

За невакцинираните важат поинакви правила. Исто така ќе мора да направат тест пред и по доаѓањето во Австралија, а потоа мора да заминат во строг двонеделен карантин, по што ќе мора редовно да се тестираат и да имаат ограничено движење.