Имаа водство од 5-0, а фудбалер на Ливерпул викаше: Продолжете вака, бидете немилосрдни!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул завчера го декласираше Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ со 0-5 во Премиерлигата, а навивачите не се задоволни и бараат отказ за Оле Гунар Солскјер.

Љубителите на фудбалот можеа да уживаат во прекрасен фудбал од страна на Ливерпул, кој целосно го надигра нивниот ривал и му ја наполни мрежата.

Мохамед Салах постигна хет-трик во мечот и покажа дека во моментов е најдобриот фудбалер во Премиерлигата, а еден од неговите колеги, односно Енди Робертсон бараше од своите соиграчи да продолжат во исто темпо.

„Продолжете вака, бидете немилосрдни, одиме!“, викаше Робертсон.