Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид одигра 0-0 против Осасуна во шпанската Ла Лига и така испушти можност со нови три бода да избега од ривалите на табелата.
Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти не е среќен поради судиските одлуки, па се пожали на дел од нив.
Иако Осасуна на секаков начин се обидуваше да го потроши времето, сепак судиите решија да не дадат поголемо надополнување од четири минути, а тоа го налути Анчелоти.
„Надополнувањето од судиите ми изгледаше кратко. Требаше да биде подолго со оглед на тоа што се случуваше на теренот. Не ми објасни зошто е тоа така. Исто така, Винисиус бараше ВАР-реакција, кога го згазнале, но арбитарот повторно не реагираше…“, вели Анчелоти.