Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед доживеа дебакл против Ливерпул со 0-5, а еден од најкритикуваните фудбалери беше капитенот Хари Мегваер со кого одбраната на премиерлигашот изгледа катастрофално.
Мегваер се јави во медиумите неколку дена по срамот кој го доживеаа на домашен терен против големиот ривал.
„Ова е тешка недела. Не може да ја избришеме, посебно зашто загубивме од голем ривал. Нѐ вознемири поразот од Ливерпул. Разговаравме и ја анализиравме играта. Размисливме како да напредуваме и сега ни треба поддршка од навивачите против Тотенхем. Има уште многу да се игра до крајот во Премиерлигата и на добар пат сме во Лигата на шампиони“, вели Мегваер.