Среќа во несреќа за Руни: Дали ова ќе биде последната сезона на Руни во црвениот дрес?


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Според најавите на угледните англиски медуими, капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни натпреварот против Зориа ќе го започне од првата минута.

    Манчестер Јунајтед утре во рамките од 2. коло во групната фаза во Лигата на Европа на Олд Трафорд ќе го пречека украинскиот Зориа, а англиските медиуми пренесуваат вест дека Руни ќе го започне натпреварот од првата минута, додека натпреварот против Стоук Сити во недела ќе го започне од клупата за резервни играчи.

    Мурињо го остави капитенот на Манчестер Јунајтед на клупата и во саботата во победата над Лестер со 4:1. Тоа за Руни беше трет натпревар во последните четири сезони да го започне од клупата, а во игра влезе на само седум минути пред крајот.

    Манчестер Јунајтед е последен во групата А, откако загуби од Феенорд со минимални 1:0.