Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот фудбалер Карим Бензема во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во светот и е кандидат за освојување на „Златната топка“, иако конкуренцијата е многу голема.
Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл сакал да го купи одличниот Бензема, меѓутоа францускиот репрезентативец се заблагодарил за понудата и ја одбил.
Сепак, одбивањето на понудата од Њукасл не значи и сигурно останување на „Сантијаго Бернабеу“ за 33-годишниот фудбалер, кој планира да се врати во Франција.
Бензема остави отворена врата за трансфер во ПСЖ, а тоа би можело да се случи доколку во Мадрид пристигнат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
ПСЖ во моментов има многу ѕвезди, меѓу кои е Лионел Меси, но сигурно нема да има ништо против да го ангажира и Бензема.