Сантош ќе си поднесе оставка ако Португалија не се пласира на Мундијалот во Катар


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Португалија беше изненадена од Србија во решавачкиот меч за освојување на првото место во групата и директен пласман на Мундијалот во Катар, па сега Кристијано Роналдо и сонародниците мора да играат бараж.

Големи критики доби селекторот Сантош затоа што Португалија остана без директно учество на Светското првенство (СП), па кажа дека ќе си замине ако не заиграат на Мундијалот.

„Од моето доаѓање во 2014 година секогаш сите седнувавме и анализиравме се. Преговаравме во било какви околности. Федерацијата бара многу од мене и јас самиот барам исто така многу од себе. По нашиот последен разговор и гледањето на состојбата во репрезентација сфативме дека јас сум човекот кој треба да продолжи да го води тимот до Светското првенство. Не помислив на оставка. Кога дојдов дадов ветување дека ќе си заминам ако не ја исполнам целта. Што ако Португалија не се пласира на СП? Ако се случи такво нешто ќе си заминам“, кажа Сантош.