Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон не е среќен поради лошите резултати на екипата, која денеска ја напушти Оле Гунар Солскјер, па сега премиерлигашот мора да бара нов стратег.
Јунајтед загуби на четири од последните пет натпревари и така целосно ги разочара навивачите, а поради тоа спас му немаше на тренерот Солскјер.
Фергусон зборувал со раководството на клубот од „Олд Трафорд“ и му кажал дека сака да го види Маурицио Покетино на кормилото на екипата, иако такво нешто во моментов делува невозможно.
Покетино во моментов го тренира ПСЖ и одлично му оди во француската Лига 1, каде што е на добар пат да ја освои титулата затоа што има девет бода предност пред Ница.