Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Реал Мадрид и француската фудбалска репрезентација Карим Бензема е прогласен за виновен за уцена. По долгото судење откриено е дека бил вмешан во уценувањето на поранешниот колега од селекцијата, Матје Валбуена.
Бензема доби условна казна од една година, а притоа ќе мора да плати и парична казна во вредност од 75.000 евра.
Французинот избегна и многу полошо сценарио, зашто максималната казна за вакво дело е пет години затвор, додека останатите вмешани завршија многу полошо.
Четири лица кои барале пари од Валбуена во замена за видео-снимката добиле казни од година ипол и две ипол години затвор.
Бензема се бранеше дека сакал само да помогне и бил посредник, а неговата верзија на приказната не го убеди судијата, па тој сепак го казни.