Британски „Гол“: Халанд го избра Реал Мадрид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвешкиот суперталент Ерлинг Халанд сака да се пресели во Реал Мадрид, доколку го напушти тимот на Борусија Дортмунд во 2022 година.

Британски „Гол“ објави дека Халанд има желба да игра за „кралевите“, а сигурно ќе биде големо засилување за Реал Мадрид затоа што досега постигна 70 гола во 69 меча за Дортмунд.

Халанд има откупна клаузула од 75 милиони евра во неговиот договор, која ќе стане активна следното лето.

Братанскиот медиум пишува дека Норвежанецот има желба да се пресели во Мадрид, а тоа му оди во прилог и на Мино Рајола, кој е негов менаџер, затоа што очекува голема провизија од трансферот.

„Кралскиот клуб“ долго време се поврзува и со Килијан Мбапе, па доколку го купи и Халанд тоа ќе бида фантастична двојка во екипата.