Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прво цела НБА зборуваше за инцидентот меѓу Никола Јокиќ и Маркиф Морис, по што главна тема станаа Леброн Џејмс и Ајзеа Стјуарт.
Леброн со лакт го удри Стјуарт и го раскрвари, по што младиот кошаркар го бркаше по цел терен за да го истепа, но не му дозволија неговите соиграчи и обезбедувањето.
Сите на теренот мораа да го запираат кога тргна да се тепа, затоа што трчаше и се туркаше за да дојде до противникот со желба да му се одмазди.
„Ова ќе биде последен пат да зборувам за тоа. Гледав снимка и мислам дека не беше случајно. сега мојот фокус е на екипата и кошарката. Нема тој инцидент да дефинира кој сум јас. Сакам да ме дефинира тоа за кое ме избраа од тимот“, кажа Стјуарт.