Рангник ќе ги засилува „ѓаволите“ со фудбалер на Челси?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник наводно размислува да го купи Тимо Вернер од Челси, откако Германецот не се покажа најдобро во екипата од Лондон.

Рангник го купи Вернер од Штутгарт и го однесе во Лајпциг во 2016 година и го направи еден од најдобрите напаѓачи во светот, но Германецот никако да се врати во препознатливата форма.

Вернер не се прилагоди на стилот на игра на Челси, па често промашуваше големи шанси и многумина го сметаат за промашување, иако Томас Тухел не смета така.

Освен Вернер, на листата со желби на Јунајтед е и Амаду Хаидара од Лајпциг, но за него „ѓаволите“ ќе мора да платат околу 33 милиони фунти што воопшто не е мала сума на пари.