Ѕвездите на Дортмунд грмат: Што очекувавте од судија кој претходно местел натпревари? 🎥


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Баерн Минхен во големото германско дерби ја совлада Борусија Дортмунд со 3-2, а по мечот сите беа бесни на судијата Феликс Цвајер и јавно ги критикуваа главните луѓе на Бундеслигата.

Посебно жесток во изјавата беше младиот фудбалер Џуд Белингам, кој зборуваше за пеналот кој го реши победникот и за судијата Цвајер немаше добри зборови.

„За мене тоа не беше пенал. Хумелс не ја гледаше топката, која го погоди. Но имаше уште многу такви моменти. Најголемиот меч во германскиот фудбал сте му го дале на судија кој во минатото местел натпревари. Што очекувавте?“, кажа Белингам.

Цвајер беше дел од скандалот за местење натпревар во 2005 година, кога прифатил мито од 300 евра за да лажира резултат во втората германска лига.