Тикет на денот (среда, 08.12.2021)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вечерва се гледа крајот на групната фаза од ова издание на ЛШ. Остана уште некоја дилема, но околу 23 часот и таа ќе биде решена. Ова е нашиот предлог тикет на денот.

Зенит – Челзи – 2/2 @ 2.30 во Mozzart

За екипата од Санкт Петербург исходот од овој натпревар не може да им промени ништо. Остануваат на третото место  и на пролет ќе играат во Лига Европа. Сигурно е дека шампионот на Русија очекуваше повеќе, но освен победата и ремито со Малме, против Јувентус и Челзи не можеа. За Челзи ова ќе биде важен натпревар со оглед на тоа што сакаат да бидат на првото место во групата. Тие имаат ист број бодови како и Јувентус, но подобар меѓусебен учинок. Овде веруваме дека Челзи нема да се коцка и ќе нападне од првата минута. Наш предлог е 2/2 со квота 2.30 во Mozzart.

Виган – Шрузбери – 1&2+ @ 2.05 во Bet365

Виган пред осум години го освои ФА Купот победувајќи го тимот на Манчестер Сити. Таа сезона исто така испаднаа од Премиер лигата и еве уште не се вратени. Не само што се надвор од елитата, туку веќе долго не се ниту во Чемпионшип. Оваа сезона играат добро, барем во првата половина на првенството и моментално се наоѓаат на делба на првото место со екипите на Ротерам и Вајкомб. Сите три тима имаат по 38 бода, но со различен број изиграни натпревари. Гостите лошо започнаа дури и ужасно, но како што изминува времето ја поправаа формата и ја напуштија зоната за елиминација. Виган овде е фаворит и очекуваме освен победа за нив да постигнат и најмалку два гола. Коефициентот за 1&2+ во Bet365 изнесува 2.05.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3654.72

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk