Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ блескаше во победата на Денвер нагетс против Њу Орлеанс со 120-112.
Навивачите на домашниот тим се обидуваа на секаков начин да го испровоцираат српскиот кошаркар, но тоа не им успеа.
Еден од навивачите извади и знаме на Хрватска за да го изнервира Јокиќ, но доби брутален одговор од Србинот.
Јокиќ се потруди да го растури нивниот тим, па натпреварот го заврши со трипл-дабл, односно 39 поени, 11 скокови и 11 асистенции.
Навивачот кој намерно го провоцираше Србинот со хрватско знаме забележа дека неговиот тим ќе загуби и предвреме замина од салата.