Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако за противник во второто квалификациско коло за пласман во ЛШ го добивме Динамо од Загреб, првата изјава доаѓа од нашиот капитен, Бобан Грнчаров.
Тој вели дека го добивме едниот од двата најтешки клубови во нашата група. Но, додаде и дека добро го познаваат противникот и дека со помош на публиката во Скопје, ќе можат да дојдат до позитивен резултат.
„Вардар претходната година одигра еден натпревар против екипата на Динамо, но истиот не е мера за квалитетот на двата тима. Се играа два пати по 60 минути и се додека ние бевме комплетни, тие имаа минимална предност од 2-1, а во вториот дел имаше 11 замени, па затоа сметам дека конкретно тој дуел не треба да се зема предвид. Според првиот дел, ние покажавме дема можеме да играме против нив, затоа што како јас паметам имавме и многу удари кон голот. Во денешната ждрепка добивме тежок противник, но шансите се големи да отидеме понатаму. Првиот натпревар е во Скопје, а Динамо е голем клуб на овие простори и може да привлече голема бројка на публика, а со нивна помош може да стигнеме и до добар резултат во првиот меч“, потенцираше капитенот Грнчаров.