По освојувањето на сè што можеше да се освои минатата сезона, Луис Енрике не дозволува опуштање во редовите на ПСЖ.
Шпанскиот стручњак воведе ново правило во соблекувалната на европските шампиони, па така повеќе нема загарантирано место во почетниот состав, без разлика на името и статусот на играчот. Како што пренесува Л’Équipe, конкуренцијата во ПСЖ се подигна на сосема ново ниво.
Луис Енрике со своите потези јасно покажува дека никој не е над тимот. Затоа и најголемите ѕвезди како Осман Дембеле и Хвича Кварацхелија сезонава веќе биле на клупата или заменети на полувреме.
Пораката е јасна, сега секој играч мора од натпревар во натпревар да докажува дека заслужува место меѓу стартерите.
















