Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна два гола за Наполи во Лига Европа и ги освои срцата на сите во Италија, па медиумите повторно почнаа со шпекулациите дека тој ќе биде продаден во некој европски гигант.
Интерес за Елмас постоеше и претходно од многу тимови, меѓу кои се Реал Мадрид, Барселона, како и други клубови, а медиумите објавија и дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис добил неколку понуди од 25 милиони евра.
Меѓутоа, Де Лаурентис не мисли да го продаде за малку пари, откако го купи Елмас за 16 милиони евра плус бонуси од Фенербахче.
Италијанските медиуми пишуваат дека Де Лаурентис ги одбил сите понуди, па порачал дека ќе го продаде Елмас само ако стигне некоја огромна понуда за која не би можел да го задржи Македонецот.
За Елмас се заинтересирани и Борусија Дортмунд, Ред Бул Лајпциг и многу други тимови.