Ливерпул ќе го „одврзе ќесето“ за напаѓач на Реал Мадрид?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул планира во јануари да се засили со уште еден напаѓач, а изборот паднал на талентираниот играч на Реал Мадрид, Родриго за кој премиерлигашот е подготвен да плати 80 милиони евра.

Бразилецот веќе трета сезона е во Мадрид, но никогаш не го исполни целосниот потенцијал и не го покажа неговиот квалитет на дело, но во Ливерпул веруваат дека Родриго ќе биде освежување за нивната екипа.

Родриго сезонава постигна два гола за „кралевите“, но и покрај тоа Јирген Клоп смета дека Бразилецот ќе му го понуди тоа што му недостига на Ливерпул.

Освен Родриго, на листата со желби на Ливерпул се наоѓа и Џерод Боуен од Вест Хем, како и Рафиња од Лидс.