Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид се соочува со проблеми поради Ливерпул, кој сака да им го украде Едуардо Камавинга во следниот преоден рок, откако талентираниот фудбалер добиваше мала минутажа во шпанскиот гигант.
Оваа информација ја објави „Ел Насионал“, кој тврди дека 19-годишниот Камавинга е задоволен во Мадрид поради богатиот договор, но тоа не мора ништо да значи.
Тренерот Карло Анчелоти му објаснил на Камавинга дека треба да се бори за негово место во екипата бидејќи „кралевите“ веќе имаат неколку ѕвезди.
„Камавинга и Валверде мора да напредуваат и да разберат дека тие ќе ја преземат лидерската улога во иднина. Камавинга има огромен квалитет и талент, но мора да учи и да добива искуство“, кажа Анчелоти.