Трет одложен натпревар во Премиерлигата за „боксинг деј“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Натпреварот меѓу Барнли и Евертон, кој требаше да се одигра во неделата, е одложен поради ширење на вирусот во клубот од Ливерпул.

Евертон претходно побара одложување на натпреварот, но првото барање беше одбиено, по што денеска конечно пристигна потврда дека дуелот нема да се одигра в недела.

„Нашиот натпревар против Барнли на Боксинг деј е одложен поради бројот на повредени и заразени фудбалери“, соопшти Евертон.

Претходно од иста причина беа одложени натпреварите меѓу Ливерпул и Лидс, односно Вулверхемптон и Вотфорд.

Натпреварите требаше да се играат в недела од 13.30 часот на „боксинг деј“, но беа прифатени барањата на Лидс и Вотфорд за одложување на средбите.