Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Мохамед Салах е најдобриот фудбалер на Ливерпул, а во екипата пристигна во 2017 година од Рома, по што со тимот од „Енфилд“ стана шампион на Англија и Европа.
Салах има договор до 2023 година, но „ЕСПН“ пишува дека Ливерпул сака да му ја продолжи соработката и да го задржи подолго во свои редови.
Ливерпул, наводно, е подготвен да му понуди плата од 592.000 евра неделно, а тоа се 31 милион евра на годишно ниво, па така Салах ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот.
Оваа сезона Салах исто така игра во врвна форма и на 24 натпревари во дресот на Ливерпул постигна 22 гола со девет асистенции и во моментов е прв стрелец и асистент во англиската лига.
Ливерпул по 18 кола има три бода помалку од Манчестер сити, па ги чека возбудлива трка за титулата до крајот на сезоната.