Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд на крајот на сезоната ќе го напушти тимот на Борусија Дортмунд, а за неговите услуги се заинтересирани повеќе тимови, иако тој го избрал Реал Мадрид.
Специјалистот за трансфери, Џанлука Ди Марцио тврди дека Халанд го избрал Реал Мадрид, каде што ќе се пресели на крајот на сезоната.
„Халанд побара од својот менаџер Мино Рајола да му ги договори условите со Реал Мадрид“, објави Ди Марцио.
Норвежанецот сезонава за Дортмунд одигра 16 натпревари, а притоа постигна 19 голови и има една асистенција.
Во Мадрид треба да пристигне и Килијан Мбапе, но засега не е познато дали ќе се случи тоа, иако договорот на Французинот со ПСЖ му трае до следното лето.