Ѓоковиќ ќе оди во Мелбурн, организаторите ќе ги „прекршат“ правилата!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По големиот број информации за тоа дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралијан опен или не, најновите покажуваат дека Србинот дефинитивно ќе игра на турнирот во Мелбурн.

Од тимот на Ѓоковиќ нема официјални податоци за тоа дали Србинот ќе заигра или не, меѓутоа српските медиуми добиле информација дека најдобриот тенисер во светот ќе се појави во Мелбурн.

Организаторите на турнирот не негираа дека најдобриот тенисер ќе го пропушти натпреварувањето, што би било голем удар за самиот турнир, па бараат од властите да се обезбеди специјална дозвола за играчот.

Истиот принцип е планиран за неколку од најдобрите тенисери, како што е Ѓоковиќ, кој засега не открива дали е вакциниран или не.