Невакцинираниот Ѓоковиќ оди во Мелбурн: Богатите и моќни можат сè!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ во вторникот објави дека ќе игра на Австралијан опен. Србинот ги спакува куферите и треба во Мелбурн да ја брани титулата, меѓутоа не се сите среќни со тоа.

Дел од германските медиуми остро го критикуваат тоа што најдобриот тенисер во светот доби медицински исклучок, зашто тоа била шлаканица за сите луѓе во Австралија.

Австралискиот премиер Морисон кажа дека ќе го врати Србинот со првиот авион назад доколку не достави документ поради кој не може да се вакцинира.

„А сега му е издадена посебна дозвола на Ѓоковиќ. Баш за тенисер кој од сите се однесуваше најмногу неодговорно, кој во 2020 организираше Адрија тур со луди забави и така го рашири вирусот. Со ова се испраќа порака дека богатите и моќни можат сè“, пишува „Шпигел“.