ФИФА ги објави имињата на тројцата кандидати за најдобар во свет


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави имињата на тројцата кандидати за најдобар фудбалер во светот по нивниот избор.

ФИФА ги доделува наградите одделно од „Франс Фудбал“ за најдобар играч во светот, а во потесна конкуренција се Роберт Левандовски, Лионел Меси и Мохамед Салах.

Победникот ќе го дознаеме на 17 јануари, кога ФИФА ќе одржи церемонија за доделување на наградата која од минатата година ја брани Роберт Левандовски.

ФИФА доделува ваква награда од 2016 година, а досега Кристијано Роналдо двапати ја освои, а по еднаш ја освојуваа Левандовски, Меси и Лука Модриќ.