Мурињо добил понуда да се врати во Англија!?

Португалскиот стратег Жозе Мурињо нема намера да ја напушти Рома, иако добил понуда од Евертон да го преземе кормилото по отказот на Рафаел Бенитез.

Мурињо се заблагодарил на понудата и ја одбил затоа што е среќен во Италија и не сака да се врати во Англија, каде што претходно ги предводеше Манчестер јунајтед, Челси и Тотенхем.

Евертон не се откажува од намера да пронајде нов стратег, а засега се споменуваат имињата на Франк Лампард, Вејн Руни и Роберто Мартинез, кој е најсериозен кандидат за тренер.