Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Њукасл, кој неодамна стана најбогатиот тим во светот, сезонава игра ужасно во Премиерлигата и се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 12 бодови.
Клубот од „Сент Џејмс Парк“ има само една победа во домашниот шампионат, а навивачите се надеваат дека до крајот на јануари ќе бидат ангажирани неколку засилувања и ќе се промени ситуацијата во тимот.
Премиерлигашот се обидува да купи нови фудбалери, иако досега не им оди најдобро, освен тоа што потпишаа со Кјеран Трипие од Атлетико Мадрид и Крис Вуд од Барнли.
Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл вчера испратил понуда до Аталанта од 30 милиони евра за Дуван Запата и се надеваат дека Колумбиецот ќе се пресели во Премиерлигата.
Тимот во моментов преговара и со Севиља, откако покажа интерес за стоперот Диего Карлос, кој има желба да игра во англискиот шампионат, па ова му е идеална шанса за такво нешто, но Њукасл ќе мора да плати 35 милиони евра за трансфер.
🚨 Newcastle United have offered a fee of over €30m for Atalanta and Colombia striker Duván Zapata.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 18, 2022
(Source: Daily Record) pic.twitter.com/Ej56Hm5tcm