Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вистинска драма се случуваше во претходните две недели со Новак Ѓоковиќ, кој на крајот беше депортиран од Австралија и остана без можноста да ја брани титулата во Мелбурн.
Вујкото на Рафаел Надал, Тони смета дека Ѓоковиќ требало да реагира поразлично во ситуацијата.
„Ме изненади што ова стигна толку далеку. Ѓоковиќ мораше некои работи да ги направи на поразличен начин. Едноставно имате ситуација каде што мора да се вакцинирате, тоа се закони на државата и нема исклучоци. Нормално дека сите сакаа да го видат Новак на турнирот. Тој е еден од најдобрите во историјата, но без разлика на тоа, за него немаше исклучок“, вели Надал.
Надал ќе биде главен фаворит за титулата во Австралија со оглед на тоа дека Ѓоковиќ нема да игра за 10. трофеј на престижниот турнир.