Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец Карим Бензема промаши пенал во саботата против Елче, па Реал Мадрид мораше да се спасува од срам затоа што имаше негатива од 0-2, но за среќа преку Лука Модриќ и Едер Милитао стигна до бод (2-2).
Реал Мадрид можеше да го победи Елче, имаше многу шанси, а посебно неефикасен беше Бензема, кој во првиот дел промаши удар од белата точка.
Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти вели дека самиот е виновен за промашувањето затоа што пред мечот му дал совет на Французинот.
„Промашениот пенал на Бензема е моја грешка. Му кажав дека противниците ги анализираат неговите пенали и треба да ја промени страната. Ме послуша и промаши. Подобро ќе беше да молчам“, кажа Анчелоти.
Бензема е најдобар стрелец на „кралскиот клуб“ сезонава со 17 голови на 21 натпревар во Ла Лига, додека пет погодоци даде во Лигата на шампиони (ЛШ) на пет натпревари, а има и два гола во Суперкупот на Шпанија.
🗣️ "Siento culpa. Yo le dije a Benzema que cambie al patear"
— DIRECTV Sports (@DIRECTVSports) January 25, 2022
Carlo Ancelotti, en diálogo con @NachitoTV, se refirió al penal fallado por el delantero francés.#FutbolTotalDIRECTV pic.twitter.com/VFdnWR1pbo