Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Чави Ернандез ќе го добие и четвртото засилување во Барселона, а тоа е Пјер-Емерик Обамејанг, кој ќе пристигне од Арсенал.
Досега во екипата на Барселона пристигнаа Дани Алвеш, Феран Торес и Адама Траоре, па Барселона го договори и Обамејанг, а тоа го потврди новинарот Дејвид Орнштајн.
Новинарот тврди дека сè е договорено, па остана само да се потврди колку проценти од платата на Обамејанг ќе ја покрие Барселона.
Исто така, треба да се каже дека Чави сега ќе биде во голема дилема, зашто по правилата на УЕФА може да регистрира само тројца нови играчи за продолжение од натпреварувањето во Лига Европа.
Бидејќи веќе пристигнаа Алвеш, Торес и Траоре, а најверојатно ќе стигне и Обамејанг, еден од нив нема да може да биде регистриран за европското натпреварување.
Тоа најверојатно ќе биде Обамејанг, зашто Алвеш и понатаму е незаменлив во лошата одбрана на каталонскиот гигант.